За Нас

Охрид покрај останатото отсекогаш бил познат по добриот ноќен живот. Наскоро тој ќе биде збогатен со ново урбано место, кое ќе биде освежување во ноќниот живот на градот и околината, каде веќе подолго време владее монотонија. Посетителите ќе можат да уживаат во квалитетна музика, добар пијалак и се разбира незаборавни журки.
Како што кажува нашето име, INclusive disco нуди се што се очекува од еден современ ноќен клуб. Гарантирана удобност и безбедност, со беспрекорна услуга во нов урбан амбиент кој ќе ги изненади и најпрефинетите вкусови. Со извонредно уреден простор, одлично осветлување и озвучување а се разбира и спектакуларна програма.
На програмата на INclusive ќе има различни стилови на музика. Менаџерскиот тим на клубот кој зад себе има повеќе децениско искуство, ќе се погрижи во следниот период вечерите да бидат резервирани за врвни домашни и странски артисти но и диџеи што ќе го диктираат ритамот на кој ќе игра Охрид и околината. Листата на изведувачи што ќе настапуваат е долга, но имињата засега не се откриваат и се чуваат како изненадување за публиката.
INclusive диско е подготвено да отвори нова страница на ноќниот живот во Охрид.
Клубот започнува да ја пишува својата приказна месецов, па доколку сакате да сте дел од неа, повелете на гарантирано добра забава со најпопуларните артисти од земјава и регионот.